Search
сабота 30 мај 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Заради досадните Албанци нема почеток ни за Македонија, барале многу азил од Франција, нервозни се Французите

Македонија

Заболени
2,164
+35
Мртви
131
+5
Излечени
1,535
Активни
498
Last updated: 30/05/2020 - 15:47 (+02:00)

Францускиот претседател , Емануел Макрон, по завршување на средбата со канцеларката Меркел, во врска со проширувањето на ЕУ и одлуката за давање датум за преговори на Македонија и Албанија, го изјави следното:

,,Што се однесува до проширувањето, Европа е голема и убава куќа во која живееме сите. Пред неколку години еден член на семејството реши да си замине. Тој се мачи да ја напушти куќата. Понекогаш имаме тешкотии да ја реновираме куќата, да го поправиме светлото, струјата. Кога ги прашуваме нашите членови дали се подготвени да инвестираат, во поправка на светлото или на вратата, голем број велат дека не сакаат да инвестираат во таа куќа, не повеќе од 1 процент. Понекогаш тие и покрај тоа што не знаат како да ја напуштат таа куќа или да ја реновираат, велат дека ќе поканат нови другари и другарки.

Од мојот однос со Германија научив дека здрав разум и дисциплина, односно идејата работите да се прават по правилен ред, се гарант за ефикасност.

Сметам дека не ги правиме работите по правилен ред.

Ги поздравуваме храброста и истрајноста покажани од лидерите на двете земји Албанија и Македонија, како и постигнатиот напредок. Изминатите години тие постигнаа големи резултати во своите земји.

Го признавам тоа и сакам да испратиме позитивен сигнал.

Што се однесува до втората точка, исто како и канцеларката Меркел, убеден сум дека регионот на Западен Балкан е од стратешко значење за Европа и ние треба да го приклучиме на ЕУ.

Трета точка. Мислам дека постојат работи што треба да ги финализираме пред да почнат преговорите.

Мислам дека треба да ја реформираме процедурата. Денес таа е неповратна, непрогресивна и неадаптирана.

Правиме чудни работи меѓу нас. Луѓето не го знаат тоа. Даваме слобода на движење меѓу нашите земји уште пред да започнат преговорите.

Можеме да патуваме слободно со Албанија без визи и покрај тоа што Албанија не ги започнала преговорите. Ваквите односи се чудни. Мораме правилно да ги поставиме работите и на овој план, бидејќи не функционира добро .

Благодарение на слободата на движење без визи, денес во Франција имаме илјадници луѓе што бараат азил.

Како да им објаснам на моите сограѓани дека втората земја по баратели на азил во Франција се луѓето што доаѓаат од Албанија, но работите се толку розови што допрва започнуваат со преговори за влез во ЕУ?

Со оглед дека не знам да им објаснам на луѓето, тоа значи дека постои проблем. Не знам да објаснам.

Ние треба да ги подредиме работите правилно.

Треба да имааме поорганизиран и попрогресивен пристап кој може да биде повратен.

Еден процес е кредибилен кога тој може да биде прекинат во секој момент. Таков е случајот денес со Турција. Сме заборавиле дека преговорите со Турција се почнати многу одамна.

Дали денес некој мисли дека Турција може да влезе во ЕУ? Дека може да отвори ново поглавје? А процесот е неповратен. Тој може да биде сопрен, но не може да биде прекинат.

Мораме да ја модернизираме оваа процедура.

Треба да се завршат некои елементи со овие земји. Мислам тука со мигрантите. Мислам на неколку услови што ги бара комисијата.

Тоа е тоа. Ја делам геополитичката визија и стратешкото значење со канцеларката.

Желба ми е да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но поради сериозноста на ситуацијата и сите наши дискусии, морам да кажам дека овојпат ние сме тие што бараме малку време да ги направиме работите по правилен ред“-изјави францускиот претседател, Емануел Макрон, на заедничката прес конференција со германската канцеларка, Ангела Меркел.

(Преводот е на емисијата 360 степени)

loading...