Search
среда 27 мај 2020
  • :
  • :

Затоа оваа година мој избор е Охрид!

Македонија

Заболени
2,014
Мртви
116
Излечени
1,453
Активни
445
Last updated: 27/05/2020 - 13:02 (+02:00)

Испровоциран од тоа што се шират лаги и манипулации за цените во Охрид решив да напишам неколку факти за вистината за цените во Охрид.

Меѓу Охрид и Струга има многу преубави песочни плажи каде кафето покрај езеро е 40 ден. пиво Скопско 60-70 денари, тост за по 50-70 ден, крофни огромни на плажа преубави 30 денари, истите по другиве плажи на море се по 2-3 евра.

Такви цени нема никаде во свет, и во преспа во Дупени едно Скопско или кафе е 100 денари, на езерце Треска каде не можете ни да се бањате кафето е поскапо. Охрид е нај ефтин за летување и одмор, ако некој најде поевтино место со пониски цени јас ќе му платам дупло. За споредба кафе во Црна Гора, Грчка или Хрватска нема под 2.5 евра еспресо. Сместувањето во Охрид може да се најде и за 200-300 денари, а цели станови од по 60 квадрати комплет опремени по 20 евра. (пробајте најдете вакви цени на друго место и јавете ми се. Истите овие работи на други места се незамисливи.

Некако е хит да се хејта дека Охрид е скап, а вистината е сосем различна Охрид е пре ефтин!

Плус Охрид е заштитен од УНЕСКУ, во Охрид се наоѓаат моштите на Свети Климент Охридски, овие работи сигурно нема да ги најдете во некои селца по приморје.

Да не зборуваме дека во Охрид има прекрасни Македонски кафанчиња, ресторанчиња кои се многу ефтини поевтини од многу малски локални кафанчиња во Скопје.

Во Охрид има КАМ маркет, Тинкс, Рамстор каде цените се исти како и во цела Македонија. Ова се факти се друго се шпекулации и лаги.

И да не заборавиме според мене најважното нешто што го има Охрид а го нема ниедно приморско одмаралиште. Во Охрид има длабоки сенки од дрва и во Охрид можете да седите на плажа од 7 сабајле до 9 навечер без да се плашите дека ќе се испечете како гуштери. На приморските места јас никогаш не одам пред 17 часот зошто е прежешко и тоа чадорче што го плаќате по 15 – 30 евра тешко дека може да ви заврши некаква работа.

Затоа оваа година мој избор е Охрид!

Фотографија на Бојан Темелкоски.

loading...