КолумниТОП

AДВОКАТОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ ФИЛИП МЕДАРСКИ ПОТВРДИ ДЕКА КАМЧЕВ Е ПРИТВОРЕН БЕЗ ДА МУ СЕ ПОКАЖАТ ДОКАЗИ, ОВА ПРИТВОРАЊЕ ГО СПОРЕДУВА СО СКАНДАЛОЗНОТО НА ЕЛ МАСРИ

Филип Медарски И адвокатот Филип Медарски е на сличен став со оној на Стејт Департментот. Како адвокат на одбраната во случајот со Калид ел-Масри, Медарски објаснува дека Македонија е должна да ги почитува стандардите на Судот за човекови права кои се поставени уште во случајот „ел-Масри против Македонија“. ”Конкретниот случај на г-дин. Камчев не би можел да го коментирам, бидејќи немам доволно сознанија за истиот, но генерално, сите институции во државата се должни да постапуваат согласно стандардите, кои Судот за човекови права ги поставува во случајот Ел Масри против Р.Македонија и другите предмети кои се однесуваат на лишувањето од слобода, притворот и забраната за тортура. Во делот на притворот, најбитни вакви стандарди се дека притворот треба да се определува како крајна мерка, кога судот ќе се увери дека сите други превентивни мерки нема да имаат ефект, одлуката за притвор мора да биде детално образложена, судот мора да наведе конкретни причини зошто определува притвор и истите да ги поткрепи со релевантни докази.

Притворот не смее да биде замена за казна, судот во тек на постапката мора постојано, сериозно да ја преиспитува потребата за продолжување на мерката притвор и кога ќе се створат услови за тоа, притворот да го замени со гаранција, куќен притвор или некоја друга соодветна мерка за обезбедување на присуство. Во делот на издржување на мерката притвор, државата е должна да обезбеди адекватни услови, бидејќи доколку тоа не го стори, постои опасност Судот во Стразбург да оцени дека постои нечовечки или понижувачки третман или евентуално, тортура на притвореното лице.” – вели Медарски за Инфомакс.мк Слично како и во случајот на Калид ел-Масри, во случајот со Јордан Орце Камчев не се почитуваат процедурите, иако како што вели и Медарски, институциите се должни да ги почитуваат стандардите на Судот за човекови права. Медарски објаснува и дека притворот во Македонија притворот треба да се употребува само како крајна мерка, и само тогаш кога судот ќе се увери дека други превентивни мерки нема да имаат ефект. Медарски додава и дека одлуката за притвор мора да биде детално обрзаложена, што не е случај со притворот определен ниту за ел-Масри ниту за Орце Камчев. Адвокатот додава и дека притвроот мора да биде поткрепен со докази, кои мора да и бидат презентирани на одбраната, сепак до овој момент одбраната на Камчев нема добиено ниту еден доказ кој го поткрепува барањето за притвор – а во оваа смисла ниту фамозната белешка на АНБ.



Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 04:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.