Колумни

Ако ви е здодевно малце историја пред спиење: Доминација во Федерацијата (1980-1991)

Gavrilo A. Miloshevski
Доминација во Федерацијата (1980-1991)
Размислував како да ги започнам моите серијали на огледи и критики за домицилните и светски настани, и сметам дека е најдобро да се навратам на една Конференција на светските социолози одржана во Упсала 1976 година.
На таа конференција во својот говор Збигњев Бжежински посочува како да се видоизменат видиците на младите луѓе од социјалистичиот лагер со пропагирање на западни вредности, со цел за поткопување на моралните и општествени уредувања (вредности) во тие држави.
Во тоа обраќање посебно се битни неколку сегменти. Прва работа за отпочнување на целиот процес е смртта на Јосип Броз Тито, а потоа следат развивањето на потрошувачкиот менталитет (задолжувањето) и охрабрувањето на национализмите. Тој документ со информации југословенските федерални служби го проследиле до раководството на СФРЈ и Републиките, но за жал Југославија и нејзините народи отидоа во тој правец од кој немаше враќање.
Покрај ова, не треба да се занемарат и некои клучни внатрешни фактори кои ќе придонесат за политички поместувања во суштинското функционирање на Федерацијата. Дел од нив како Стево Крајачиќ, Стане Доланц и Никола Љубичиќ ќе ја одиграат можеби и главната улога преку отстранувањето на Алексндар Ранковиќ и Јованка Броз, како и усвојувањето на Уставот на СФРЈ од 1974 година.
Претседателот Тито плашејќи се од неславниот исход за извесната судбина на Федерацијата и можните консеквенци по народите, на дочекот на Новата 1980 година во Караѓорѓево ќе му нареди на Адмиралот Бранко Мамула со сите можни расположливи средства да ја зачуваат СФРЈ.
Таа година умира Маршалот Тито, последниот југословенски Претседател на чиј погреб ќе присуствуваат делегации од сите влијателни држави и организации како НАТО, Варшавскиот договор, Движењето на Неврзаните и НР Кина.
Лазар Колишевски кој се затекнува на местото Потпретседател на (ротационото) Претседателство на СФРЈ по смртта на Маршалот, неколку дека потоа ќе прими висока воена делегација од САД.
Само едно прашање ќе биде поставено од страна на Американците: Дали ќе има промена во политичкото делување на ЈНА и тогашното комунистичко раководство ?
Колишевски и целото државно раководство на земјата едногласно ќе потврдат дека нема да има.
Следат години на економски развој со странско задолжување. За помладите кои не знаат, западните кредитори во два наврати со политички одлуки на Претседателот Тито му ги бришеа финансиските долгови направени во текот на ’50 и 60-тите години од минатиот век за потребите на неговата земја.
Гледајќи дека економската ситуација е неодржлива, последните двајца сојузни Премиери – Бранко Микулиќ и Анте Марковиќ се обидуваат да направат реформи на федерално ниво. Во ова нивно залагање и спроведување ќе имаат многу проблеми, кои ќе бидат генерирани од водечките републички и партиски раководства.
Во овој сегмент клучна одлука која ќе ги затекне сите земји сукцесори на Југославија е првобитната приватизација на претпријатијата во општествена сопственост, од која ќе произлезат сите црвени тајкуни кои во моментите на распаѓањето на Федерацијата ќе бидат помоќни од Републичките државни раководства.
На осмата седница на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Србија која ќе се одржи на 23 и 24 септември 1987 година ќе се судрат две фракции, тие околу Иван Стамболиќ и Драгиша Павловиќ, и Слободан Милошевиќ. Сите овие набројани личности се всушност небитни, бидејќи тука се судираат многу посилни фактори околу идното раководтво на СР Србија. Превласта врз СФРЈ е вистинската причина за овој судир.
Иван Стамболиќ е вклучен само како поддржувач на Драгиша Павловиќ, зад кој застанува југословенскиот воен врв, додека зад Слободан Милошевиќ застанува руската агентурна мрежа и дел од српскиот ресор за државна безбедност. На таа седница линијата околу Маршалот Дмитриј Јазов извојува победа над Адмиралот Бранко Мамула.
За помладите кои не знаат, во СФРЈ постоеше една комунистичка алатка која се нарекуваше демократски централизам. Таа и денес се користи насекаде низ светот во разни видови и разни намени со разни именувања.
На патот кон апсолутна супериорност на Слободан Милошевиќ за гласовите во Претседателството на СФРЈ, му стојат комунистичките раководства на САП Војводина и САП Косово, но и СР Црна Гора, кои се носители на Суверенитетот на земјата со Уставот од 1974 година. Со големи протести поддржани од цивилните тајни органи и дел од партиските организации во одредени големи претпријатија, тој успева да ги смени раководствата на САП Војводина и СР Црна Гора, а смената на раководството на САП Косово го врши со помош на воена интервенција одобрена од тогашниот ССНО и Генерал Вељко Кадијевиќ.
Така тој всушност обезбедува 4 гласа за гласање во Претседателството на СФРЈ. Битно е да се напомене дека штом Фрањо Туѓман со помош на БНД е избран за Претседател на СР Хрватска, истиот го менува членот на Федерацијата од Хрватска – Стипе Шувар, кој беше избран со помош на гласовите од Хрватските Срби во ЦК Хрватска.
Тогашното Претседателство имаше донесено заклучок дека за донесување на некоја одлука од сојузно значење се потребни +2 гласа, со цел да нема надгласување меѓу републиките.
Гледајќи дека не може да владее со гласовите од СР Македонија и СР Босна и Херцеговина за што ЦИА има главна улога, со една вешта манипулација во Претседателството на ЦК СКЈ тој го свикува предвремениот 14-ти Конгрес на СКЈ.
Што е суштината за ваквата одлука? Во Претседателството на СКЈ секоја република има по 2 гласа и по 1 глас имаа покраините, додека на Конгресот сите гласови се реципроцитетно етнички поделени по демографската структура на Републиките, а одлуките се донесуваат со мнозинство гласови.
Залагајќи се за цврста и модерна Федерација со седиште во Белград, Словенците и Хрватите знаејќи дека ќе бидат надгласани го напуштаат предвремениот 14-ти Конгрес на СКЈ.
Милошевиќ на тој Конгрес имаше повеќе од половината од вкупно 1.655 делегати, благодарение на српските делегати од Хрватска и Босна и Херцеговина.
На 24.01.1991 година во Белград на највисоко ниво ќе се состанат политичките раководства на СР Словенија и СР Србија, односно Милан Кучан и Слободан Милошевиќ. Две суштински договорени одлуки произлезени од состанок помеѓу двата лидери се излегувањето на Словенија од Југословенската Федерација и прекин на економската блокада на Србија за пласманот на словенечките производи.
За таа цел Претседателот Милан Кучан на прес конференција изјавува дека словенечкото раководство нема ништо против самоопределувањето на српскиот народ во Хрватска и Босна и Херцеговина за приклучување кон матичната држава.
Ова заминување на Словенците е со задоволство пречекано од српскиот претставник во Претседателството на СФРЈ, бидејќи соодносот на гласовите и силите е променет.
Влијанието на телевизијата како електронски медиум е многу битен фактор за процесот кој следи. Имено, во 1989 година на чело на Радио Телевизија Белград (денешна РТС) застанува Душан Митевиќ, личен пријател на брачниот пар Милошевиќ и американски агент. Со негова одлука РТБ е дел од државниот удар во СР Романија и јавното прикажување на ликвидацијата низ светот на Николае и Елена Чаушеску. Овој настан е како замаец во налетот за НАСИЛНОТО превземање на власта во сите земји од комунистичкиот лагер од Полска до Бугарија. Овој дел ќе биде обработен во посебна колумна.
Да се навратиме на состојбите во СФРЈ. Вук Драшковиќ како тогашен лидер на српската опозиција организира масовни протести во Белград и бара оставка од целокупното државно републичко раководство. Овие протести имаат две скриени цели, едната е да ја ослабне доминацијата на Милошевиќ во СФРЈ, а втората е да се предизвика состојба или нереди за можен државен удар.
Самиот Вук Драшковиќ во една своја книга пишува дека со посретство на тогашниот начаник на КОС се сретнувал со Генералите Вељко Кадијевиќ и Благоје Аџиќ, чија цел било можна поделба на власта.
На 9 март 1991 година со телефонското гласање на Васил Тупурковски е изгласана одлуката за спас на Слободан Милошевиќ над раководството на ЈНА. Со образложение за заштита на сојузните институции во центарот на Белград, југословенските тенкови и оклопни возила излегуваат на улиците и протестите се смируваат. Така Вук Драшковиќ со уште 636 приврзаници се притворени на неколку дена, а Душан Митевиќ поднесува оставка. Ова може да се толкува и како двојна победа на Слободан Милошевиќ.
Неколку дека подоцна, на покана од последниот Советски Маршал – Дмитриј Јазов во Москва патува Министерот за Одбрана на СФРЈ и Генерал Вељко Кадијевиќ, чија цел е поддршка за можен воен удар во СФРЈ под превезот за воведување на вонредни мерки. Во контекст на ова за да не произлезе воена диктатура, армијата превентивно ја формира партијата Покрет за Југославија. Но, дали е тоа единствената цел?
Генералот Вељко Кадијевиќ тврди во сите свои јавни настапи дека причината поради која отишол во Москва е само таа, но веројатно станувало збор за колективен воен удар во СССР, СФРЈ и СР Романија.
За контактот со Министерот за Одбрана на Романија и Генерал Виктор Станкулеску бил задолжен Адмиралот во ЈНА – Стане Бровет, за кој покасно ќе се утврди дека бил дел од Хитлерјугенд.
Маршалот Дмитриј Јазов детално го известил Генералот Вељко Кадијевиќ каква е состојбата под раководство на Михаил Горбачов во Советскиот Сојуз, и му дал до знаење дека тие во моментот со ништо не можат да им помогнат.
Така Генералот Вељко Кадијевиќ се враќа во Југославија и се откажува од сите можни воени комбинаторики за превземање на власта во СФРЈ, како и за изведување на поопсежни воени операции за насилно зачувување на нејзината целина.
Наскоро со настаните кои ќе следат со политичка одлука, ЈНА ќе се повлече од просторот на Словенија, а со одлуката за независност на Хрватска таа ќе се стационира и задржи на подрачја населени со српско население. Со референдумското отцепување на Босна и Хецеговина остатоците од ЈНА воено ќе завземат над 70 % од територијата на земјата.
Со одлуки потпишани од тогашниот Потпретседател Бранко Костиќ, Милошевиќ во текот на 1992 година ќе ги пензионира сите непослушни Генерали од поранешната ЈНА.
Во сите пишани интервјуа Генералот Вељко Кадијевиќ ќе напомене дека Маршалот Јазов не му го најавил Августовскиот пуч изведен истата година, за кој многумина сметаат дека е предоцна и несоодветно реализиран.
Суштината е сметам друго. Тој т.н. воен удар всушност беше дозволен со цел да се забрзаат политичките процеси за тогашното руско раководство да се затвори во сопствените граници, и покрај референдумското изјаснување на Украинците за останување во сојуз со Русите.
За поранешна Југославија со издигнувањето на Слободан Милошевиќ ситуацијата беше јасна, односно поделба на Југославија и задржување на руското доминантно влијание на просторите од СРЈ и делумно БиХ (Република Српска).
Може да биде слика на 2 луѓе и луѓе кои стојат


Македонија

Заболени
148,618
+623
Мртви
4,556
+47
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 03:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.