Живот

Човек на кому му е украден идентитетот во Мафија: Оштетата што ќе ја барам ќе биде многу голема, правдата ќе ја истерам до крај

Човек на кому му е украден идентитетот во Мафија: Оштетата што ќе ја барам ќе биде многу голема, правдата ќе ја истерам до крај

КУРИР стапи во контакт со едно од лицата на кои им е злоупотребен идентитетот во аферата „Мафија“. Вели дека правдата ќе ја бара и ќе ја истера до крај, бидејќи неговите лични податоци се злоупотребени од страна на државата, односно од страна на Министерството за внатрешни работи.

-Мојот идентитет е злоупотребен од страна на државата и на државните органи, во случајот од страна на МВР, згора на тоа без мое знаење му е доделен на криминалец. Правдата ќе ја барам пред надлежните судови во Македонија, а ќе барам и оштета, бидејки станува збор за мои лични податоци злоупотребени од страна на државата, рекол во изјава за КУРИР едно од лицата на кои им е украден идентитетот и доделен на познат криминалец.

Живеам во европска земја и можно е да ти направат проблем поради злоупотребата на идентитетот од страна на државата, а оштетата што ќе ја барам ќе биде многу голема, правдата ќе ја истерам до крај, ако треба и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, додава за КУРИР, човекот на кого му е злоупотребен идентитетот.



Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 05:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.