Црна Хроника

(ФОТО) Ивановска: Синот на Жерновски искрши „мерцедес“ и „масерати“, ама е изоставен во билтените на МВР

Неодамна медиумите пренесоа дека 19-годишниот син на поранешниот градонашалник на Општина Центар и донеадамнешен заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски во центарот на Скопје предизвикал сообраќајна несреќа во која се уништени две скапи луксузни возила, но се чини доколку очевидци не ја известија јавноста Министерството за внатрешни работи ќе го забошотеше инцидентот предизвикан од партискиот функционер на владејачката СДСМ, изоставувајќи ја информацијата во редовните дневни билтени.

Имено, како што пишува на својот блог новинарката Јорданка Ивановска којашто прва ја објави информацијата со приложување фотографии од самото место, минаа пет дена од сообраќајната несреќа во Дебар маало, во која учествуваше синот на Андреј Жерновски, кој има 19 години, но во билтенот на МВР – нема трага за овој настан.

Ивановска посочува дека иако првичните информации беа дека на местото немало друго возило, сепак, од фотографиите може да се види дека учесници се две возила, и тоа „мерцедес” и ,,масерати”.

Како што се истакнува во текстот, станува збор за сервисните улици во Дебар маало кои се ткна „Зона 30″, односно на нив брзината на возилата е ограничена на најмногу 30 километри на час, по која се движат пешаци. Сепак, на фотографиите двете возила се силно демолирани, а скршени делови од возилата имало на сите страни. Од тоа може да се извлече заклучокот дека станува збор за значително поголема брзина со која возел Жерновски помладиот од пропишаната, што веријатно и била причина за несреќата.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, изјавил дека во извадокот од билтенот објавуваат настани само доколку станува збор за несреќа со „тешки телесни повреди и смрт”. Дал детали и за настанот.

„На 28.03 околу 22 часот пријавено е дека на крстосница од улица Аминта трети и Ристо Шишков се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило ‘мерцедес’,
управувано од Н.Ж. (2002) и возило ‘масерати“, управувано од М.М. (1952). Со повреди се здобиле возачите и В.В. (2003) сопатник во возилото мерцедес. Укажана им е помош во ОБ ,,Свети Наум Охридски”. Инаку пуштени се на домашно лекување откако им укажале помош“, појаснил портпаролот Ангеловски.

И покрај неговото тврдење дека не објавуваат вакви сообраќајни несреќи, во кои возачи и сопатник завршиле и во болница, а има очигледна материјална штета, Ивановска забележува и тоа го документира со снимка од друг извештај кој покажува дека билтенот на дневни настани на Министерството за внатрешни работи покажува сосема спротивно: дека во други случаи не изостанувало објавување на други синови и ќерки, кои немаат родители – политичари“, се заклучува во посочениот текст.

Андреј Жерновски, екс градоначалник на Центар, веќе три години е член на Централниот одбор на владејачката СДСМ. Во моментов нема функција во извршната власт, а во минатата влада беше заменик министер за надворешни работи.

Во врска со споменатиот инцидент, Жерновски постариот претходно изјави дека наводно неговиот син брзал кон својот дом, поради започнување на полицискиот час
поради полицискиот час.

   

извор НЕТ ПРЕС



Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 04:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.