Македонија

Каде е Љупчо Николовски кој откриваше путер, сега молчи за наркобосовите

Каде е Љупчо Николовски кој откриваше путер, сега молчи за наркобосовите

Во вечерашното издание на емисија “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа гостува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација, лошите владини мерки, како и за последните случувања со пасошите кои биле издавани на мафијаши, убијци и наркобосови.

Мицкоски потенцираше дека ова е афера од невидени размери и овој случај ја отсликува реалната состојба во Македонија во однос на криминалот и разрушениот безбедносен систем.

Николовски ја манипулираше јавноста дека се бори против криминалот и корупцијата со тоа што заплени путер со поминат рок. Замислете, ова било голем криминал. Зошто Николовски не кажа ништо за овие 200 пасоши издадени на криминалци, убијци и наркобосови?”, додаде Мицкоски.

Власта секојдневно тоне и гази во жива кал. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно открива скандали и матни случаи поврзани со власта, која таа иако сака да ги сокрие, сепак излегуваат на виделина, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со објавување на вакви случаи, за јавноста да има јасна слика кој ја води државата цели 5 години, заврши Мицкоски.



Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 03:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.