Македонија

Македонија надмина 4.000 смртни случаи

Со 45 починати пациенти вчера Македонија ја надмина бројката од 4.000 смртни случаи како последици поврзани со ковид19. Меѓу починатите е и едно 32 годишно лице.

1259 нови случаи вчера од над 4.500 тестови покажува дека секој четврти тестиран бил позитивен. Само од почетокот на месецов за 6 дена починале вкупно 241 лице што е просек од над 40 на ден. Бројот на активни случаи во април се зголемил за околу 2.000 и во моментов е речи си на нивото на ноемврискиот бран.

Она што загрижува е зголемениот број на хоспитализации. Министерот Филипче вчера рече дека здравствениот систем е оптоварен поради што морало да се воведат рестриктивни мерки. Бројот на пациенти кои лежат во болниците се ближи до 1.800 а надлежните уверуваат дека имаат капацитет да одговорат на нивните потреби. Очекувањата се дека во периодот кој следи ќе биде достигнат пикот во овој бран. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.



Македонија

Заболени
148,618
+623
Мртви
4,556
+47
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 03:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.