Црна Хроника

На адресата во Чаир никој не слушнал ниту за Седат Пекер, ниту за Џадим Адемовски

На адресата во Чаир никој не слушнал ниту за Седат Пекер, ниту за Џадим Адемовски

Зградата, каде според личната карта која ја добил во Македонија со друго име и презиме, живее познатиот турски наркобос, Седат Пекер, се наоѓа во Чаир. Репортерите на „Алфа“ телевизија на лице место заминаа да проверат дали живеалиштето навистина му е на таа адреса. Тој во Македонија се вика Џадим Адемовски, а луѓето кои живеат во зградата каде се води неговата адреса, не познаваат сосед ниту под името Седат Пекер, ниту под Џадим Адемовски.

Според гугл-мапс ова е адресата „Кемал Сејфула број 22/1“, каде според опозицијата, каде според опозицијата живеалиште има Седат Пекер, кој е протеран во Турција, а во Македонија живее со лажен идентитет и име Џадим Адемовски. Сепак на адресата која ја добил од македонските власти, „Алфа“ не успеа да го пронајде турскиот наркобос, тропнавме во станот број 1 во зграда да прашаме дали таму или во некој од другите станови живее Пекер, одговорот беше не. Запрашевме и дел од луѓето кои беа излезени пред зградата, дали го познаваат Џадим Адемовски или можеби Седат Пекер, одговорот од сите беше негативен, велат репортерите на „Алфа“.

Инаку, Седат Пекер во ноември минатата година остварил и средба со градоначалник на Маврово- Ростуше, каде делел лаптопи и ветил инвестиции во оваа општина. Инаку покрај Пекер, од опозицијата во мега скандалот „Мафија“ открија дека лажни документи во Македонија добил и Јован Вукотиќ од таканаречениот Шкаљарски клан од Котор. Како и Пекер и тој има лажен идентитет, се вика Ѓорги Андонов. Околу овој случај „Алфа“ побара став и од министерствата за внатрешни работи на Турција и Србија, каде за неколку дела е обвинет Вуковиќ, но одговор се уште нема.

Целата репортажа тука



Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 05:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.