Свет

НАЈМЛАДИОТ МИЛИЈАРДЕР ВО СВЕТОТ: На само 18 години пари му доаѓаат од сите страни..

Најмладниот милијардер на светот има само 18 години и е наследник на трговскиот ланец „dm“.

Најмладиот милијардер на светот е Кевин Дејвид Леман, 18-годишниот тинејџер од Германија. Богатството го наследил од својот татко кој што бил косопственик на познатиот ланец дрогерии „dm“.

„Forbes“ неговото богатство го проценува на 3,3 милијарди долари, а ажурираните податоци за богатството на милијардерите ширум светот беа објавени во вторникот.

„dm“ е водечки ланец на дрогерии во Германија, а основан е во 1974 година. Според податоците кои се достапни на нивната веб страница, само во Германија вработуваат над 41.000 луѓе во 2.000 продавници ширум државата.

„Forbes“ тврди дека Кевин, како ниту неговиот татко не се активно вклучени во управувањето со оваа голема компанија.

„Bussines Insider“ се обидел да го контактира Леман за да даде коментар, но коментарот изостанал поради тоа што младиот милијардер не се јавувал на телефон.

На второ место по богатство меѓу најмадите милијардери е 24-годишниот Ванг Зелонг од Кина кој што има богатство вредно 1,5 милијарди долари.

На трето и четврто место се Норвежанките, сестрите Александра и Катарина Андерсен кои што имаат богатство од по 1,4 милијарди долари.

И двете имаат удел во семејната инвестициска компанија „Ferd“ која е вредна неколку милијарди долари.

„Forbes“ на својата листа на милијардери ги смести само оние личности чие богатство надминува една милијарда долари.

Според нивните податоци има над 2.775 милијардери во светот, односно повеќе од кога и да е претходно.



Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 03:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.