БалканЦрна Хроника

Пасош со украден идентитет од МВР добил и Флорјан Мусај, клучен член на кланот „Барути“ кој ја снабдуваше Европа со кокаин

Пасош со украден идентитет од МВР добил и Флорјан Мусај, клучен член на кланот „Барути“ кој ја снабдуваше Европа со кокаин

Меѓу лицата на кој им бил издаден пасош со украден идентитет од МВР бил и Флорјан Мусај, откри на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Станува збор за еден од клучните членови на албанската криминална банда „Барути“ која дејствуваше во северот на Италија и заедно со бандата „Буши“ во соработска со италијанската мафија ја снабдуваа Европа со коакаин.

Нарко-трафикантот Флорјан Мусај, македонскиот пасош го добил од МВР на 17.07.2019 и во истиот стои неговата слика, но со името Наум Фило.

Кои се клановите „Барути“ и „Буши“?

Во меѓународна акција спроведена на 10 септември 2018 во Италија, Германија и Албанија беа уапсени 20 членовите на две албански криминални групи кои шверцувале големи количини на дрога во вредност од над 20 милиони евра.

Уапсените од кои 18 се албански државјани им припаѓале на клановите „Барути“ и „Буши“. Овие групи се занимавале воглавно со трговија хероин кокаин и марихуана а имале ограноци во Холандија, Белгија и Австрија, додека „базата“ им во Cеверна Италија.

Две албанскки банди кои шверцувале кокаин во вредност од 20 милиони евра, уапсени 18 Албанци во Италија, Германија и Тирана
Акција спроведена во три земји, Италија, Германија и Албанија заврши со апсење на 20 лица, 16 во Италија, 3 во Германија и едно во Тирана, а од нив 18 се Албанци. Дилерите кои завршиле во лисици им припаѓале на групите „Барути“ и „Буши“. Тие се занимаваа со трговија со хероин, кокаин и марихуана. Бандата имала ограноци и во Холандија, Белгија и Австрија, додека базата била во Cеверна Италија каде што соработувале и со италијанската мафија.

Двете албански групи кои беа опфатени во акцијата, „Барути“ и „Буши“, земаа кокаин од Белгија и хероин од Холандија кој потоа ги шверцуваа од Германија во Италија, каде имаа своја база, а потоа ја дистрибуираа и во други европски земји. Тие за оваа намена користеле специјално модифицирани возила за транспорт на кокаин, канабис и хероин во Cеверна Италија и Германија.

Истрагата започнала уште во 2016 година кога на австриско-италијанската граница биле запленети 91 кг кокаин, а ја финализираше на 10 септември 2018 италијанската финансова полиција, која операцијата ја водеше под кодното име „Алба Бјанка“.

Во операцијата меѓу другите беа уапсени и „главите“ на бандите. Како што тогаш пишуваа албанските медиуми главен на кланот „Барути“ бил Елјон Барути, а кланот „Буши“ го водел Хамит Буши.

Меѓу уапсените од кланот „Барути“ беше и сопругата на водачот на кланот, Кети Шани која исто така била вклучена во транспортот на дрога, како и еден од клучните членови на кланот Флорјан Мусај, име кое се спомнува како еден од уапсените во престрелка која се случила во Тирана во февруари 2018 година и заврши со две ранети лица.

Во акцијата „Алба Бјанка“ беа заплен цели 94 кг и 950 грама кокаин, 2,1 кг хероин, 21,3 кг канабис, 100 илјади евра кеш, 5 коли и 3 мотори.



Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 05:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.