ЖивотТОП

Почина Марко Зврлевски

Поранешниот републички јавен обвинител, Марко Зврлевски, почина како последица на Ковид-19. Според информации на „А1он“, Зврлевски подолго време се лекувал од вирусот во болнички услови, а бил ставен и на респиратор како последица на тешката состојба која се развила по заразувањето со Ковид-19.

Марко Зврлевски е роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Посетувал постдипломски студии од областа на граѓанското право на Правниот факултет – Јустинијан Први при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Работното искуство го започнува при Македонската академија на науките и уметностите (1988-1989), по што кратко време работи како новинар во Македонската радио телевизија. Од приправник по правна  струка во тогашното Општинско јавно обвинителство во Скопје (1989-1991), преку стручен соработник (1991-1998), адвокат од областа на казненото право (1998-2000), заменик-јавен обвинител во Основното  јавно обвинителство – Скопје; (2000-2005), Зврлевски речиси целата своја кариера ѝ ја посветил на јавнообвинителската работа. Во декември 2005 година е распореден во Одделението за гонење на  сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, а по трансформирањето на одделението, е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција. Од ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител раководи со Основното јавно обвинителство – Скопје. Во јануари 2013 година е именуван за Јавен  обвинител на Република Северна Македонија која функција ја извршува до август 2017 година.



Македонија

Заболени
148,618
+623
Мртви
4,556
+47
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 03:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.