Занимливости

Почитувани. Пишува Даниел Шикоски од С.Октиси – Струга. Ви пишувам со молба доколку може да се објави за следниот случај

Почитувани.

Пишува даниел Шикоски од С.Октиси – Струга.
Ви пишувам со молба доколку може да се објави за следниот случај:
И,мено се работи за случајот со изградба на фудбалски стадион во С.Октиси, кој стадион од актуелната власт, конкретно од агенцијата за млади и спорт е ветен уште пред скоро 4 години – пред локалните избори во 2017 кога екс-директорот на агенција за млади и спорт и актуелен пратеник во собранието на Р. Северна Македонија – Дарко Каевски за време на предизборна посета на Село Октиси во придружба на тогашниот и актуелен пратеник Јован Митрески  биле на лице место каде што треба да се гради фудбалскиот стадион при што екс- директорот на АМС – Каевски кажал дека таа работа е завршена и дека на тоа место ќе се гради стадион.
Но тоа не е се, за изградба на стадионот е добиен и проект од АМС, како и градежна дозвола од општина Струга, но  еве и до ден денес не е направено ништо.
Бдејки јас лично сум генерален секретар на фудбалскиот клуб во Октиси  и по барање на управата повеќе пати разговарав или пробував да разговарам и со пратеникот Јован Митрески, како и со други лица вклучени и запознаени со сите тиие  работи, но за жал морам да кажам дека често пати пратеникот Јован Митрески не беше достапен за комуникација, а кога беше само накратко ќе дадеше некоја штура информација  и ќе кажеше дека е многу зафатен, а што се однесува до другите луѓе кои ги контактиравме и јас и останатите од клубот постојано ни кажуваа дека процедурата е во тек и дека во моментот се средуваат правните работи околу изградба на стадионот, и сето тоа би било сосема ок доколку повторно на барање на управата од клубот не стапив во контакт со АМС, поконкретно со кординаторката за инвестиции при АМС која на моето прашање до каде е процедурата со изградба на стадионот во С.Октиси таа на тоа изреагира зачудено и кажа дека таа воопшто незнаела дека во Октиси треба да се гради фудбалски стадион и дека во годишната програма на ,АМС за 2021 година воопшто не е предвидена изградба на стадион во с. Октиси,
Исто така пред околу месец -два во с. Октиси се раширија гласови дека наводно АМС  го распишала тендерот тендерот за изградба на стадионот во Октиси, која информација повторно ја проверивме и се покажа дека не е точна, па сега најново што ни кажуваат е дека се чека  ребаланс на буџетот за АМС да добие повеќе средства, па да се започне постапката за изградба на стадионот, но ете да кажам дека јас лично сум неутрален околу тоа дали верувам или не во тоа, но според разговори со жители од с. Октиси , како и со управата и играчите од фудбалскиот клуб , скоро никој не верува во тие тврда
Исто така сакамд а напоменам дека голем дел од жителите на с. Октиси се крајно изреволтирани поради оваа состојба и разочарани од актуелната власт со тврдење дека владата досега нема ништо направено за с. Октиси, посебно разочрани се младите од с. Октиси на кои тојс тадион им е најпотребен.
Воедно чувствувам одговорност да кажам дека од страна на општина Струга имаме потполна поддршка за изградба на овој стадионн, па дури разговарано е и со градоначалникот на општина Струга – Рамиз Мерко од кого е побарано да општина Струаг да испрати багер кој би го израмнил местото каде што треба да се гради стадионот соц ел доколку АМС  не го гради да го изградиме сами, на што градоначалникот се согласи и вети дека општината ќе испрати багер најбрзо што може.
Па затоа чувствуваме потреба да се обратиме до вас кои на некој начин сте гласот на народот па доколку може преку вас да се извади овој проблем на површина и да се прогоовори за истиот со надеж дека тоа ќе придонесе за истиот да се реши, за што ние би ви биле преблагодарни.
Но притоа за таа цел морам да ви напоменам, дека со оглед на тоа што јас како секретар на фудбалскиот клуб во с.  Октиси сум, прилично кратко време а и исто толку време со состојбите околу стадионот исто толку време сум запознаен, односно носвем тоа што погоре го наведов не би знбаел подетални работи, па во овој случај мојата улога со овој меил до вас е само да ве известам за случајот а доколку одлучите да објавите за овој случај и е потребно изјава може слободно да се обратите до претседателот на фудбалскиот клуб Ф.К Октиси Спорт – Аџија Салоски на следниот телефонски број 075/…. со цел тој точно и детално да ви го образложи целиот случај  бидејки како што кажав јас иако сум запознаен со случајот сметам не добро сум запознаен, а не би сакал да дадам погрешни информацииод кои никој не би имал корист , туку само штета.
Однапред ви благодариме на вниманието и вашата медиумска поддршка и извинете што ви одземам драгоцено време.
Со најдобри желби и срдечен поздрав
Даниел Шикоски


Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 05:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.