Црна Хроника

СИНОТ НА МИЈАЛКОВ И НЕГОВИОТ БРАТУЧЕД ПРЕТЕПАЛЕ 19-ГОДИШНО МОМЧЕ: Приведени во полициска станица по насилниот инцидент

Приведени синовите на Мијалковци, претепале 19 годишно момче - Слободен печат

Помладиот син на поранешниот дирекор на УБК Сашо Мијалков, како и синот на неговиот брат, Влатко Мијалков, поранешен прв човек на Царинската управа, биле приведени на распит во полициска станица, откако било пријавено дека со уште неколкумина врсници синоќа претепале 19-годишно момче во едно скопско кафуле.

Според неофицијални информации, тепачката прво започнала во кафулето, а продолжила надвор на улицата, во скопско Дебар Маало.

Повреденото момче прво било пренесено во болница во старата Градска болница, односно во Клиниката за хируршки болести во центарот на градот, за да му се санираат повредите, а потоа, половина час по полноќ, го пријавило случајот во полициска станица.

За инцидентот информира и билтенот на МВР во кој се наведува:

-На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Синовите на Сашо и Влатко Мијалкови синоќа заедно со уште четворица претепале едно 19-годишно момче во клубо Харт бар, на улицата Наум Наумовски Борче во Скопје и во моментов се во полициската станица Кисела Вода во Скопје, а, според нашите извори, јавен обвинител треба да одлучи какви мерки ќе бидат преземени против нив.

 

 

Претепаното момче 30 минути по полноќ пријавило дека околу 21.45 часот во Харт бар бил нападнат од Жарко Кртолица, Алекс Мијалков, Матеј Казаков, Филип Мијалков, Стефан Ристов и Илија Саздовски кои го удирале со боксови по главата и телото, дознава „Слободен печат“.

Ќотекот продолжил надвор пред објектот, а откако момчето паднало на земја, продолжиле да го удираат со клоци по телото и по главата. Лекарска помош му била укажана во болницата Наум Охридски. Во моментов синовите на Мијалкови се во станица и се чека одлуката на обвинителот.

Од МВР го потврдуваат случајот: 

– На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата за „Слободен печат“.



Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 05:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.