Живот

Ведрана познатата вмровска швалерка на пола екс раководство грујово: Се сеќавате ли на убавата македонска водителка со насмеано лице и долги нозе? (ФОТО)

Сите наши ТВ ѕвезди: Се сеќавате ли на убавата македонска водителка со насмеано лице и долги нозе? (ФОТО)

Иако публиката ја памети како едно од највпечатливите и најведри ТВ лица што некогаш се појавиле на ТВ екраните во македонскиот етер, таа сепак кариерата ја започна како манекенка и модел уште како тинејџерка, на 17 годишна возраст.

Модната писта и снимањето на ТВ рекламите нема никогаш сосема да ги напушти, иако по препорака на една нејзина тогаш поискусна колешка, Живкица Ѓурчиновска, сега Каленикова и модниот стилист Александар Билјановски – Дадар, ќе застане пред ТВ камерите. Канaл 5 и  тогашната програмска директорка на телевизијата, Весна Петрушевска – Бејби ќе и ја пружат првата шанса.

Таа пак, ќе ги искористи „своите пет минути“, кои ќе потраат… Презентирањето на времето и временската прогноза ќе биде она нешто по што ТВ гледачите ќе почнат да ја препознаваат Ведрана Ѓорѓевиќ, атрактивната убавица со виткана коса, која ја го носеше шармот и магијата во својата насмевка, а сексапилот во нејзиното згодно тело и нејзините долги нозе.

Таа како водителка ќе стане неизоставен дел од програмите и емисиите  на македонските ТВ продукции и телевизии.

Убавото македонско девојче  со години беше дел од забавната емисија „Тротоар“,  потоа задно со Димитар Атанасовски го водеше македонското музичко талент ТВ шоу „Сите наши песни“ на МТВ, па Утринската програма на МТВ…

..иако поголемиот дел од ТВ гледачите најмногу ја помнат како слатката девојка со убава насмевка која водеше временска прогноза и ги лепеше припадниците на посилниот пол пред малите екрани, многу повеќе „очајни“ да ја видат неа, отколку да дознаат какво ќе биде утре времето во Делчево, Берово, Радовиш, Штип, Валандово…!?

 

И наеднаш, онака како што тивко се појави, убавата Ведрана исто така и ја снема… Водителката со „насмевка од милион долари и нозе уз врат“ едноставно преку ноќ исчезна од телевизискиот етер.

По работата во медиумите работеше како туристички водич во една позната скопска туристичка агенција.

Последното што можевме да го видиме од неа е дружбата и промовирањето на една позната светска козметичка линија кај нас.

Дали тоа значеше дека убавата насмеана Ведрана го прави својот камбек во јавноста и јавната професија? Деновиве претпоставките се обистинија.  Атрактивната Ведрана Ѓорѓевиќ  се враќа на ТВ екраните.

Имено таа заедно со доскорешниот водител на прилози во најгледаниот страден ТВ магазин „Бекстејџ“, штипјанецоот Миро Кацаров ќе бидат водители на новиот ТВ проект кој стартува деновиве, поточно на 11 април 2021 година на „Канал 5“.  Тие ќе ги здружат силите и ќе бидат  домаќини на забавниот ТВ магазин насловен  „Златен тепих“ (Golden carpet).

„Ќе се потрудима да направиме одлична приказна, чија цел е да внесеме малку сонце во ова сивило и да излеземе од секојдневното заточеништво. Сметав дека е вистинско време да се вратам на ТВ после 5 години. Сите коцкички некако природно се поклопија и универзумот се согласи.

Очекувајте само позитива ништо помалку од нас, и многу интересна содржина. Животот е прекрасен, па зошто да не го живееме така…“ – изјави ведрана во најавата за нејзиниот камбек на ТВ екраните преку „Златниот тепих“.

 



Македонија

Заболени
148,618
+623
Мртви
4,556
+47
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 03:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.