СветСпорт

Зошто македонските фудбалери во албумот на Panini се по маици?

Откако излезе албумот на Panini и сите веднаш го разграбавме, ретко дека некој не забележа дека само македонските фудбалери не се сликани во дресови.

Фото: Филип Здравески

Албумот кој сите долго го чекавме токму поради фактот што во него се и сликичките на македонските фудбалери откако Македонија за прв пат избори пласман на едно големо натпреварување, малку и нѐ разочара.

Ни паѓаат Пандев, Елмас, Адеми… но, за разлика од Мбапе, Роналдо, Имобиле, Брозовиќ и останатите, нашите не се во своите традиционални и препознатливи црвени дресови со сонцето на градите, туку во бели маици. Несомнено дека многумина се разочаравме поради тоа.

Прашањето чиј одговор сите сакаме да го знаеме е „Зошто?“

За да ја разјасниме ситуацијата ја контактиравме Фудбалската федерација на Македонија од каде ни го објаснија проблемот.

Имено, како што сите знаеме, албумот требаше да излезе лани, но не ни дојде до такво нешто бидејќи пандемијата почна во март, се одложија баражите за пласман на завршницата, а потоа и самото Европско првенство се одложи.

За разлика од останатите 20 репрезентации, Македонија пласманот заедно со Шкотска, Унгарија и Словачка го избори дури во ноември есеноска. Panini токму оттогаш почнува да работи на сликичките на играчите од овие четири репрезентации.

Кога Panini побарале фотографии од македонските фудбалери, сите биле веќе во своите клубови, а во ФФМ имале само фотографии кои биле наменети за оние меч-програми кои се делат во ВИП и новинарската ложа пред и за време на натпреварите. Токму тие фотки ФФМ ги испратила во Panini, а на нив нашите фудбалери се сликани во брендирани маици на Федерацијата, кои се бели, но сепак не се дресови.

Сликите од меч-програмата за домашниот натпревар со Естонија во ноември
Ќе играме во нови дресови…

Тоа е едната причина, а друга е и што ФФМ во соработка со Jako веќе имале во план изработка на нови дресови, чиј дизајн сега веќе е подготвен, но допрва ќе биде јавно претставен. Македонија на ЕУРО нема да настапи со сонцето на градите, па по некоја логика и затоа на сликичките играчите не се во дресови. Сепак, во тие дресови се изборивме за настап на ЕУРО, па во секој случај немаше да биде штета и да ги лепиме како такви.

Навистина е штета што македонските играчи во албумот не се во препознатливите дресови, меѓутоа, ете, сплет на околности довело до такво нешто. Сепак, со дресови или не, сите сме среќни што го менуваме Велковски за Рамос, Барди за Пјонтек…



Македонија

Заболени
148,618
Мртви
4,556
Излечени
125,593
Активни
18,469
Last updated: 22/04/2021 - 06:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.